Тајната на копчињата: Зошто мажите и жените ги копчаат на различни страни?

Не е возможно со сигурност да се утврди кога и зошто дошло до тоа машката и женската облека да се закопчува на различни страни. Постојат различни теории за тоа како започнало сè, а ова се дел од нив.

Според првата, најраспространета теорија оваа навика започнала во 19. век, кога жените од високото друштво имале помош при облекувањето, па фустаните шиени за нив имале копчиња од левата страна, за нивните слуги полесно да ги закопчуваат со десната рака. Подоцна тоа станало вообичаено.

Оваа теорија има свои недоследности. Првиот е тоа што многу жени немале слуги кои им помагале во облекувањето, меѓутоа тоа може да се објасни со тоа што жените од високата класа биле трендсетерки, па останатите дами ги следеле во модниот живот, без оглед на тоа што за нив било помалку практично.

Но, и мажите кои припаѓале на високата класа имале помошници кои им ги закопчувале уште побројните копчиња на оделото, па истите останале на десна страна.

Уште еден недостаток кој се однесува на оваа теорија е прашањето зошто тоа не се случило порано, бидејќи ова било пракса во текот на целиот 18. век, а сепак промената на копчињата се случува во првата половина на 19-от.

Djubretarac-Kopcanje-620x647

Втора интересна теорија вели дека копчињата на женската гардероба се поставени од левата страна, за жените да мораат да ја користат својата лева рака, што требало да укаже на тоа дека тие се наоѓаат под мажите, по својот статус во општетсвото.

Прочитајте и:  16 дена активизам против родово базирано насилство - “Лузни на издржливост, гласови на надеж”

За оваа теорија, меѓутоа, нема докази, а и таа има сериозен недостаток. Имено, многу жени самите на себе, си ја шиеле облеката, па се поставува прашањето – зошто би се ставале самите себе во подредена положба.

Третата и најверојатна теорија е слична на првата, меѓутоа се разликува по еден важен детал. Копчињата биле од левата страна поради тоа што жените од високото друштво не се облекувале сами, најмногу затоа што сакале да истакнат дека се толку богати што има кој да ги облекува.

Иако овој тренд започнал во првата половина од 19. век , во 1840 и 1850 година уште се шиеле парчиња со копчиња на десната страна, а шансите да налетате на такви од лева биле пола – пола.

Меѓутоа, 1860-те, речиси секоја женска облека имала копчиња од левата страна, а тоа се поврзува со напредувањето на технологијата, односно, со усовршувањето на машините за шиење. Тогаш гардеробата започнала индустриски да се произведува, а произведувачите го прифатиле трендот на „леви копчиња“.

- Реклама -