Споените машки бебиња се очекува целосно да заздрават по успешното одвојување во деветчасовната операција во Саудиска Арабија.
Тим на хирурзи, водени од поранешниот министер за здраство д-р Абдула Ал-Рабеах, завршија тешка постапка во Ријад.
Двете бебиња, Абдула и Абдилахман, се во добра состојба. Потпаролот на болницата изјави дека мулти-дисциплинарен медицински тим го оддели парот по деветчасовна операција спроведена во девет фази во текот на викендот.
„Цревата требаше да бидат одвоени, како и нивниот уринарен систем и коските на карлицата. Кога беа одвоени тие беа поделени во два тима за да ги реконстуираат близнаците“.
Хирурзите првично на близнаците им дале 60 до 70 проценти шанси за преживување, но велат дека сега се значително подобрени и се очекува двете да ја преживеат операцијата.