Синоќа Samsung го претстави својот најнов предводник Galaxy S6 и S6 Edge.
Тие ќе излезат на пазарот на 10 април, но Холандија ги започна прелиминарните нарачки на смартфоните, потврдувајќи ги нивните цени за територијата на Европа.
Galaxy S6 ќе започне од 699 евра за верзијата со 32GB внатрешна меморија, моделот со 64GB ќе може да се купи за 799 евра, а варијантата со 128GВ може да биде ваша за 899 евра.
Не е изненадувачки, што Galaxy S6 Edge што има дизплеј, закривен од двете страни ќе биде поскап – 849 евра (32 GB), 949 евра (64 GB) и 1 049 евра (128 GB).
Треба да се има предвид дека тоа се цени за нарачани уреди. Кај мобилните оператори би требало цените да бидат малку поефтини, но сè уште не можеме да потврдиме како ќе се движат цените во Македонија, иако можеме да создадеме приближна слика. Кој е вашиот фаворит од двата хај-енд смартфони и кој би си купиле – Galaxy S6 и S6 Edge?