Во новиот филм „The Crowded Room“, холивудскиот актер Леонардо ди Каприо ќе има 24 различни идентитети.
Филмот ќе биде екранизација на книгата на Даниел Кис, објавена во 1981 година, која е напишана според вистинска приказна за животот на Били Милиган, првиот човек ослободен од злосторство поради пореметување на личноста.
Продуцент на лентата ќе биде компанијата на Ди Каприо “Appian Way”, соопштува порталот „Consequence of Sound“.
Според извештаите во медиумите Леонардо чека за оваа улога 20 години, поради која ќе му биде потребно да одигра човек со 24 различни идентитети.
Били Милиган беше обвинет на крајот на 1970 година за вршење на серија од грабежи, киднапирања и три силувања. Тој беше ослободен откако неговите адвокати докажаа дека злосторствата се извршени од друга негова идентификација. Ова е прв случај во судската практика, во која дијагнозата „подвоена личност“ се користи за оправдување на обвинетиот. Во 1988 година Милиган е ослободен од клиниката во која се лекува, а во 2014 година умира.