Топ пет продукти за сјајна коса

Ако често сте на диета, тогаш тоа веројатно негативно се одразува на вашата коса. Најважно е да се храните здраво и разнообразно. Ако имате тенка и слаба коса, овие продукти веројатно нема да ви донесат „грива“, но ќе ви помогнат да имате посилна и побујна коса.

Лосос

Оваа риба е полна со омега 3 масни киселини, кои се основа на сета здрава исхрана, а исто така е добар извор на железо и витамин Б12. Јадете лосос најмалку еднаш неделно и вашата коса ќе биде сјајна и нема да се крши при чешлање.

Зелени зеленчуци

Темнозелените зеленчуци како спанаќ, брокула и блитва се пребогати со железо, калциум и витамини А и Ц, а тоа ги прави одлични за здравјето на вашата коса. Јадете ги барем два пати неделно.

Јаткасто овошје

Сите јаткасти овошја, од оревите до кикитиките се одлични за сјајна коса. Бадемите, лешниците и бразилските ореви се добар извор на селен, минерал што е особено важен за здравјето на темето. Тие исто содржат и омега 3 масни киселини, како и цинк, кој ја зајакнува косата. Консумирајте една шака бадеми на ден и ефектот на вашата коса ќе биде видлив за кратко време.

Пилешко

Пилешкото и мисиркиното месо се одлични продукти за подобрување на квалитетот на вашата коса. Овие меса се богати со протеини кои се важни за зачувување на природната боја на косата, како и зајакнувањето на влакната.

Грав

Гравот е многу важен, затоа што е богат со протеини и го поттикнува растењето на косата.

- Реклама -