Ако плажите или најгласните градски улици не ја задоволуваат вашата потреба за одмор и ја сакате тишината на природата, тогаш овие 14 места се измислени за вас. Тоа се 14 од најубавите планини во светот, кои вреди да ги искачите.
14-те предлози се одбрани од туристичкиот портал Active Times.
Врв Шафберг, Австралија
Се издига над езерото Волфгангзее. Врвот не е многу висок (1783 м) и нуди повеќе удобности, отколку што сте навикнати да гледате. Покрај прекрасните глетки, тука има и хотел и ресторан.
Карстовите форми, Јужна Кина
Областа е под заштита на УНЕСКО од 2007 година. Погледот од врвот се опишува како духовно искуство.
Викторија, Хонг Конг
Ова всушност е еден рид, но иако едвај 550 метри е највисокото место во Хонг Конг, а од него се открива неверојатна глетка кон градот.
Смоуки Маунтинс, Апалачите, Тенеси/Северна Каролина
Се наоѓаат на границата меѓу двете држави и привлекуваат над 9 милиони туристи годишно. Особено најубаво е во есен, кога лисјата ја менуваат бојата.
Силвермајн, Јужна Африка
Националниот резерват Силвърмајн во Кејп Таун нуди патеки за моторцикли, транзиции и прекрасни места за пикник.
Килиманџаро, Танзанија
Висината е 5 895 метри и прошетката не е погодна за почетници.
Доломити, Италија
Се наоѓаат во Северна Италија и се прогласени за Светско културно наследство од страна на УНЕСКО во 2009 година. Тука има над 12 високи врвови. Планините се погодни за многу спортови – трчање, велосипедизам, планинарење и др.
Шарп Пик, Хонг Конг, Кина
Оваа планина се наоѓа во Парк Саи Кунг Ист и претставува популарна рута за прошетка. Во близина има плажи и пристаниште.
Котопакси, Еквадор
Ова е втор највисок врв во Еквадор и еден од највисоките активни вулкани во светот. До врвот има организирани екскурзии, а глетката е надреална.
Нимрод, Израел
Замокот датира од 13 век и е најголемиот во Израел. На планината има уште многу други историски и природни знаменитости.
Пирин, Бугарија
Врвот Вихрен е висок 2 914 метри и прошетката навистина вреди да се искуси.
Лејкланд Фелс, Англија
Овој дел од светот е туристичка атракција, благодарение на специфичните карпи.
Монт Темпл, Канада
Се наоѓа во националниот парк Баниф. Врвот е со височина од 3542 метри и патот до него е здодевен, но вреди.
Глејсиар Поинт, Калифорнија
Не е висок, но и покрај тоа, од него има прекрасен поглед. Во зима е популарно место за ски трчање.