Чуваат повеќе од 1000 кучиња од хумани причини

Во изминатите шест години, пет неверојатни жени од провинцијата Шанкси во Кина, успеале да ги спасат животите на повеќе од 1000 кучиња. Секое утро, дамите чија возраст се движи меѓу 60 и 70 години, се будат во четири часот наутро, за да пренесат повеќе од 400 килограми храна за кучиња во нивното засолниште.ѓ

Згрозени од помислата дека доколку бидат оставени на улица, ќе бидат убиени од локалците или пак од шинтерите, тие цо 2009 година решиле да ја основаат оваа институција која воглавно работи од донациите на локалните жители.

Иако самите признале дека многу пати се соочиле со тоа нивните „миленици“ да ги каснат во трката за храна, сепак, тие велат дека ништо не може да ги одврати од нивната цел – да им помогнат на што повеќе улични кучиња.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

desktop-1424903317 desktop-1424903322 desktop-1424903320 desktop-1424903323 desktop-1424903319

- Реклама -