60 илјади вредни пчели се труделе околу изработката на овој прекрасен чајник, создаден околку рамка од жица, изработена од скулпторот Томаш Либертини.
Тој го изработил скелетот на конструкцијата и ја оставил природата да го заврши останатиот дел од работата.
Скулптурата е насловена „Илјада години” и е инспирирана од темите за времето и силата на приридата – од филмот „Милениумска пчела” (1983) и романот „100 години самотија” на Габриел Гарсија Маркес.
„Насловот ја одразува не само трајноста на материјалот – пчелниот восок може буквално да издржи илјада години – туку и обемот на човечкиот живот во лицето на блескавата вечност на универзумот “, вели Либертини.
Експериментални уметници и порано има работено со помош на пчелите, на пример за овие прекрасни вазни.