Зошто кремот за тело не се става и на лице?

Да нанесуваме крем за тело врз кожата на лицето е како под хаубата на автомобил „Порше“ да монтираме мотор на „Лада“ – освен што меѓусебно се некомпатибилни во однос на техничките параметри, нема нии да стигнете далеку.

На ист начин, поради поделикатната и мазна структура, кожата на лицето има потреба од повеќе нежна грижа и од специфични состојки за задоволување на потребите.

Еве неколку конкретни причини зошто кремот за тело не става и на лице.

Кожата на лицето е неколку пати потенка и почувствителна од онаа на телото, па затоа и грижата кон неа треба да биде поразлична – со повеќе внимание и истрајност. Ако главна цел при грижа за кожата на телото (на секоја возраст) е да ја одржиме мека и хидрирана, потребите на кожата на лицето се менуваат со возраста. Ова наметнува и адаптација на козметичките грижи. Користиме одделни производи за акни, брчки, хиперпигментација и сл. по лицето, а не по телото и ги сообразуваме формулите со типот на кожата, која што ја имаме.

Кожата на телото е изложена на повеќе сурови надворешни влијанија во споредба со онаа на лицето. Така на пример, во текот на денот постојано ги миеме рацете со сапун, а лицето само наутро и навечер, со тоа што дури и во овој случај, следејќи ги препораките на стручњаците, користиме нежни средства за чистење без сапун. Имено, кожата на рацете е неколку пати посува и погруба и треба многу поголема доза хидратација, следствено и со производ со обагатена и хранлива текстура.

tetee

Бидејќи основната функција на кремот за тело е да ја ублажува сувата и воспалена (од облеката и климата) кожа, тој често има погуста текстура и содржи повеќе мрсни состојки (минерални масла, вазелин, природни екстракти) кои ја подобруваат долната бариера . Нанесен врз лицето сепак може да се покажат премногу тежок и да предизвика затнување, воспаленија и дури алергиски реакции.

Од друга страна, козметичките производи за лице, исто така се грижат за заштитната бариера на кожата, но се насочени кон конкретни специфични потреби – анти-ејџ ефект, акни… Формулите им се полесни и задолжително се категоризираат како хипоалергични, некомедогенни (т.е не ги затвораат порите), а по можност – и високо толерантни.

Познавањето на карактеристиките на кремот за тело и на кремот за лице и осознавањето зошто не можат да бидат заменливи не е само прашање на елементарна општа култура, туку и на максимално ефикасна нега на секој дел од нашата кожа. Бидејќи употребата на вистинскиот козметички производ на вистинското место ќе ни обезбеди подобри резултати.

- Реклама -