Норвешки затвор со смисла за хумор

prison1Затворот “Halden” во Норвешка, кој официјално ќе биде пуштен во употреба на 1 април, е модерна институција. На ѕидовите има хумористични уметнички дела како реминисценција на уличниот уметник Банкси. Покрај уметноста, тука е комфорот – телевизори со рамен екран, засебни тоалети, дури и соба со поглед.


Затворот “Halden” во Норвешка, кој официјално ќе биде пуштен во употреба на 1 април, е модерна институција. На ѕидовите има хумористични уметнички дела како реминисценција на уличниот уметник Банкси. Покрај уметноста, тука е комфорот – телевизори со рамен екран, засебни тоалети, дури и соба со поглед.

prison1
prison3
prison4

Прозорците немаат железни решетки (но има ограда околу комплексот), а како за казнена институција, затворот изгледа прилично комфорно. Се наоѓа на неколку километри од шведската граница, во него ќе бидат сместени 252 затвореници, и ќе биде втор по големина затвор во Норвешка, со персонал од 300 вработени. Затворениците ќе имаат на располагање сала за вежбање, теретана, музичко студио, капела, библиотека, неколку работилници, посебен оддел за посети, фудбалски терен и училиште. 

prison2
prison5
prison6
prison7

- Реклама -