Samsung Galaxy S6 ќе биде претставен за неколку дена и сите се во исчекување да видат што подготвиле Корејците.
Веќе целосно можеме да ги загубиме трагите, поради сите гласини и фотографии кои се појавија во последниве месеци. На мрежата можете да се судрите со секакви лудости – од дисплеј со три земји и што ли уште не.
На Samsung сепак како да не им е гајле за очекувањата и сеирот инспириран од помпезните најави, па делуваат сосема спокојни. Дури и самите почнаа да прават шеги на своја сметка. Тие претставија еден концепт на Samsung Galaxy S6 што секако нема да го видиме на 1. март.
Сосема е јасно дека ова е само еден сон на дизајнерот, кој ги правел сликите. Засега можеме само да се смееме на паметниот технолошки хумор на Samsung, а за во иднина се надеваме дека ќе се роди можност овој дизајн да добие реална форма.