Во бројни племиња се верувало дека ноќниот воздух е исполнет со добри и лоши соништа кои што летаат. Постојат бројни начини на кои луѓето се обидувале да ги привлечат само убавите сништа.
Индијанците за таа цел правеле ловци на соништа ( dream catchers). Обичај било со нив да се даруваат новородените деца и штотуку венчаните парови.
Индијанците имаат своја легенда за фаќањето на соништата
Пред многу години, стар гледач од племето Лакота бил на висока планина кога добил визија. Во таа визија големиот учител на мудроста Иктоми, се појавил во облик на пајак. Иктоми му се обратил на гледачот, на свет јазик, а додека говорел зел еден обрач од врба што имал на себе коњски влакна и пердуви. Раскажувал приказна за детството и растењето, до староста, кога почнал да ја плете мрежата. Зборувал за циклусот на животот – како започнува и како завршува.
Во секоја животна доба постојат многу сили, некои добри, а некои лоши. Ако ги слушате добрите сили, тие ќе ве насочат во вистинска насока. Кога Иктоми ја завршил приказната, му ја дал на гледачот мрежата и му рекол дека таа е совршен круг со дупка во средината, а треба да ја искористи за неговите луѓе да ги пронајдат своите цели, на вистински начин да ги искористат своите идеи, сништа и визии.
Ако верувате, мрежата ќе ги улови сите ваши добри идеи, а лошите ќе заминат низ дупката. Гледачот ова верување го пренел кај народот и затоа многумина чувале ловци на соништа, над своите кревети.
Доброто се фаќа во мрежата на животот, а злото пропаѓа низ дупката во центарот на мрежата и повеќе не е дел од животот.
Ловецот се чува крај прозорецот во спалната соба според верувањата, а во неговата мрежа се фаќаат соништа од кои само убавите остануваат врежанни во меморијата.
Лошите соништа се вплеткуваат во мрежата и горат на првата светлина на денот.
Фаќачите на сониви не мораат да се користат само во спалната соба, туку можат да бидат и амајлија во автомобил, како и украс на влезот од домот.