Како да читаме подобро?
Уште од прво одделение нè учат како да читаме и да ја усовршуваме оваа вештина.
Бројни научници се обидуваат да најдат начини за нејзино забрзување или олеснување. Читањето сепак, не е механичка работа, впрочем, тука патот е многу поважен од крајниот резултат.
Различни истражувачи дошле до одредени совети кои ќе ни помогнат да ја доведеме до совршенство оваа продуктивна активност.
Не читајте во кревет пред спиење
Сите сакаме да читаме пред спиење. Погодно е и смирува. Но набрзо заспиваме и се будиме неколку часа подоцна со отворена книга на лицето. Ако сакате да извлечете максимум од една книга, застанете во позиција за концентрација. На биро или софа, каде што ќе се фокусирате и нема да заспиете по неколку минути.
Читајте сами
Читањето не е групна активност и не одговара добро во комбинација со проверка на пораки или профили на социјалните мрежи. Земете книга и да заминете во соба без телевизор, без вклучени дигитални уреди. Луѓето, овие денови се навикнати постојано да ја проверуваат својата пошта и социјалните профили, но тоа одвлекува од страниците и го стопира протокот на мислата.
Читајте печатени книги
Многу истражувања покажуваат дека читањето на хартија води до подобро разбирање и меморирање на текстот.
Фаќајте белешки
Потцртајте фрази и реченици кои ве импресионираат, или уште подобро запишете ги на хартија. Овој чин ве тера да поминувате повеќе време на нив, да ги зачувате и во целосен степен да го сфатите нивното значење. Така можете да го отворите делото по 10 години и да видите што точно ви оставило најголем впечаток кај него.
Препрочитување
Ако наидете на книга која ве импресионира, одвојте време за да ја препрочитате – веднаш по завршување или по одредено време. Така ќе бидете сигурни дека не сте пропуштиле ништо важно.
Читајте на глас
Читањето на глас ја ангажира силно меморијата. Ако сакате да запомните одделни пасуси, прочитајте ги на глас. Истражување објавено во psychologytoday.com, покажува дека изговарањето на зборови ни помага да ги запаметиме подобро нештата. Покрај тоа, читањето на глас не ви дозволува да прескокнувате пасуси – карактеристична навика на современиот човек, стекната од работата со дигитални уреди.
Прочитај повеќе: Мудри цитати за книгите нè тераат да читаме повеќе