Нема како да се заборават годините на детството.
Децата од 90-тите, имаа среќа да се родат во среќно време во кое најголема радост беа игрите на улицата, а не новите таблети.
Со носталгија се паметат вечерите кога се играше криенка и дните во кои се разменуваа сликички од фудбал или детски пошти.
Ова писмо говори токму на таа тема. Да погледнеме што е она што го одбележа детството од 90-те.
Ние, децата на 90-те…
1. … Научивме да ги користиме компјутерите пред нашите родители.
2. … Со задоволство се сеќаваме како го храневме нашиот чипи-чан.
3. … Се уште ги знаеме напамет движењата на Макарена.
4. … Уште се смееме кога ќе се сетиме како одевме да си земеме видео-касети за изнајмување, нешто што нашите деца нема да го прават никогаш.
5. … Поминувавме часови, заглавени со увото до касетофонот, за да можеме да го запишеме текстот од омилената песна.
6. … Никогаш нема да ги заборавиме игрите во вечерите пред влезот во домот или пред куќата на баба и дедо на село.
7. … Немавме трпение да ја дочекаме новата бајка од „Во светот на бајките“.
8. … Игравме монопол, не лути се човече, криенка, народна, ризик, ластик, фудбал, војска…
9. … Колекциониравме играчки од чоколадни јајца и слики од гуми за џвакање.
10. … Станувавме рано во сабота и недела, за да ја гледаме детската програма на МТВ и на распуст за „Зимска рекреативна“.
11. … Пополнувавме споменари и пишувавме лекикони на соучениците.
12. … Возевме велосипед.
13. … Колекциониравме „Касандра“ сликички.
14. … Разговаравме со другарчињата за „Млади бунтовници“.
15. … Поминувавме со часови играјќи игри, собрани кај тој што има компјутер.
16. … Ја чекавме со нетрпение „Бушавата азбука“.
17. … Се прскавме со шишиња на лето.
18. … Цртавме со шарени креди по асфалт или со плочка и секакви камчиња кои оставаат траги.
19. … Користевме лозинки само за целите на некоја друштвена игра.
20. … Ги добивавме сликите од роденденот во албумче, а не на Facebook.