Мајка ја потрошила социјалната помош на пат околу светот

Една самохрана мајка признала дека парите (повеќе од 8500 £ годишно), кои ги добивала како надоместок од државата заради тоа што има ниски примања, решила да ги искористи за пат околу светот заедно со нејзиното бебе.

Имено, 28-годишната Кеј Брд од Линколншир, ја искористила можноста што нејзините трошоци како кирија, сметки и храна и биле покриени од страна на нејзините родители, па решила со заштедените пари да ја одведе нејзината 10-месечна ќерка на незаборавно патување.

Kay-Bird

Иако многумина започнале да ја критикуваат откако таа ја обелодени јавно нејзината авантура, заради тоа што постојат луѓе кои плаќаат даноци за нејзиното беспотребно трошење, сепак, Брд објаснува дека тоа не е нејзина вина, туку на системот, и дека секој на кого би му биле понудени парични примања би ги прифатил.

Прочитајте и:  Татко си ја заборави својата ќерка-невеста на патот до олтарот (ВИДЕО)

Таа во рок од еден месец ги посетила Сиднеј,  Истанбул, Атина, Шри Ланка, Куала Лумпур, Џакарта, Бали, Дарвин и Амстердам. Кеј открила дека за оваа авантура таа ја потрошила заштедата од изминатите четири месеци.

Kay-Bird (3)

- Реклама -