После 12 години, беше прикажана последната епизода од култната серија Two and a Half Men.
Финалето траеше 1 час, а истата премиерно ја проследија 18 милиони луѓе.
Серијата на Чак Лор, беше премиерно прикажана во 2003-ата година и се смета за една од најсмешните серии на сите времиња.
Многумина преживеаа големо разочарување, кога главната ѕвезда Чарли Шин, беше заменет од Ештон Качер, поради проблеми и несогласувања со екипата. Сепак, серијата преживеа и после турбулентните промени, и остана да држи солиден рејтинг, иако смислата се изгуби сосема, особено откако се повлече и детето Џејк – еден од носечките тројца ликови.
Низ фотографии потсетуваме на најдобрите моменти и ја испраќаме во историјата оваа тв програма, која со години нè смееше од срце.