Караван низ Македонијa за денот на социјалните медиуми

Трета година по ред 30. јуни ширум светот се одбележува како светски Social Media Day. По иницијатива и организација на блогот Mashable и неговата огромна заедница на корисници во повеќе од 500 градови на сите континенти, ќе бидат организирани настани од различни типови и големини.

Блогираме во живо

Просторот подолу се освежува автоматски, а новините се пропратени со звучен сигнал.

Оваа година денот на социјалните медиуми за првпат ќе го одбележиме и во Македонија. 365.com.mk ќе биде дел од караванот на покана на блогот komunikacii.net и NewMedia, на кој очекуваме забавно дружење со многу ентузијасти за социјални медиуми од Македонија, како што тоа беше во декември на Super Swarm фестивалот.

Во сабота, на 30. јуни едно комбе полно со „зависници” од социјални медиуми ќе се упати во три града низ Македонија каде заедно со локалната заедница ќе се дружат и споделуваат знаења. Заради технички причини учесниците на ова „роуд шоу” беа објавени однапред. Еве ги оние кои ќе патуваат на средбите во градовите: Ива Дујак (@notsocialmedia), нашиот уредник Андреј Шевченко (@cchevymk), Сеад Џигал (@sead93), Василка Димитровска (@arheoblog), Мартин Димовски (@lacialec), Виктор Стојановски (@zuberot), Јована Тозија (@jovanatozija), Иван Димоски (@MedoDimoski) и како организатори –  Дарко (@darko156) и Наталија (@natalija).

Прочитајте и:  Видеоповиците на Messenger стануваат HD и со подобар звук

Еве ја и агендата на движење:

  • 09.00 ч. – Тргнување од Скопје (место на поаѓање Железничка станица)
  • 12.00 ч. – Прилеп – клуб Калипсо (старо Габијано) (FB настанMeetup)
  • 16.00 ч. – Тетово – кафе Амнезија (FB настанMeetup)
  • 19.00 ч. – Куманово – Ирски Паб (FB настанMeetup)
  • 21.00 ч. – Скопје – кафе Форца, Тафталиџе (FB настанMeetup)

Од Скопје ќе тргнеме со едно комбе и една кола, околу 12 луѓе. Но, доколку некој сака да ни се придружи, дали на цел пат или само на дел секако дека е добредојден. Следете ги дискусиите на FB настаните и на #smdaymk и планирајте ја вашата рута. Еве ја нашата:


Погледни поголема мапа

На денот на социјалните медиуми ќе блогираме во живо, со текст и фотографии од сите градови, места и луѓе што ќе ги запознаеме. Нормално, ќе твитаме и преку @365.com.mk.
Конечно, поставете ја оваа страница во вашите омилени и следете нè во сабота на 30. јуни од 9 часот наутро до полноќ. Се гледаме на караван! 😉

Фотографии од Денот на социјалните медиуми во Македонија

- Реклама -