Би го работеле ли ова за 750 евра?

За оваа работа не се потребни посебни вештини  – доволно е да лежите шест часа без да се поместите, стои во огласот за ова необично работно место.

Бизарната „работа од соништата“ и без мака заработени 750 евра месечно, ја нуди во Полска еден погребен центар. Единствената должност на оваа позиција е лежење шест часа во денот, пет дена во седмицата, во излог во ковчег за мртовци.

„ За работата не се потребни вештини. Бараме елегантна облека и храброст“, стои во огласот што оваа седмица стана хит во Полска.

Работодавачот за оваа позиција гарантира: договор, шест часа работно време, слободни викенди, а покрај тоа и попуст за погреб во случај на потреба – доколку почине некој од семејството на живиот мртовец.

Многумина пишуваат дека се работи за маркетинг шега, со цел зголемување на публицитетот на компанијата и дека излозите во ваквите центри се премали за да собере внатре ковчег. Дали е шега или не, не е толку важно, колку што би било интересно да се дознае колку пријавени имало по повод овој оглас.

 

 

- Реклама -