Во денешниот избор на дом и ентериер возиме до Англија, зад вратите на овој современ дом.
Истиот е дизајниран од страна на студиото Granit Chartered Architects и поседува пространост, создадена со многу вкус.
Собите во станот се уредени умешно, а дел од нив, како катчиња се раздвоени со мали ѕидови и мебел кои делуваат како граница. Ваквото решение става акцент на пространоста и чувство за живеење во заедница и блискост меѓу членовите кои седат во дневната соба, кујната и библиотеката.
Изборот на белата и сината боја, како и неоптовареноста на просторот со детали ветуваат дом во кој можете навистина да се одморите.