Постојат згради покрај кои луѓето поминуваат секој ден, но не знаат што се случува во нив.
Голема е веројатноста дека никогаш нема да дознаеме затоа што до тие згради само неколкумина имаат пристап.
Листата на мистериозни згради во кои се случуваат најголемите светски тајни се отрива…
1. Седиште на владини комуникации, Велика Британија
Тоа е една од трите згради на британските безбедносни и разузнавачки агенции. Во нив се откриваат заканите за националната безбедност, а работата во нив вклучува надзор поврзан со сајбер напади, меѓународни и домашен тероризам и ширење на нуклеарното, билиошкото и хемиското оружје.
2. MI5, Велика Британија
Нивната зграда е лоцирана во седиштето на Лондон, а во неа работат внатрешни контра-разузнавачки и безбедносни агенции. Стара е повеќе од стотина години и играла голема улога во против терористичките активности и шпиони.
3. MI6, Велика Британија
Тие се одговорни за снабдување на британската влада со информации за случувањата во светот. Се наоѓа по должината на реката Темза, зградата меѓу локалното население е позната и како „лего-земја“ и „Бабилон на Темза“.
Како тајна прва линија за одбрана на британската национална сигурност, собира информации за настаните во целиот свет, кои би можеле да влијаат на политиката на Велика Британија и нејзините економски интереси. Иако е постара од сто години, нејзиниот постоење беше официјално поризнато дури во 1994 година кога е преселена на нејзината моментална локација.
4. Канадскиот разузнувачки естаблишмент
Се работи за националната агенција за криптологија. Сместена е во Отава и е една од главните сигурносни и разузнавачки организации. Одговорна е за штитење на електронските информации на канадската влада и комуникациските мрежи.
5. ЦИА, САД
Веројатно најголемата разузнавачка агенција во светот, позната по многу холивудски филмови. Сместена е во Ланглеј, а главна улога ѝ е собирање на податоци за странските влади, корпорации и поединци, и со нив ги снабдуваат оние кои ја одредуваат националната политика.
6. НСА, САД
За разлика од ЦИА чии извори се податоци од луѓе, НСА се концентрира на собирање на податоци преку технологијата. НСА следи, собира, декодира и преведува информации. Нејзините тајни програми на надзор на јавноста ги откри Евард Сноуден во 2013 година.
7. Австралиската тајна агенција
Собира и дистрибуира разузнавачки информации за развојот на настаните низ целиот свет, особено азијски-пацифичкиот регион, кој може да влијае на интересите и безбедноста на луѓето во Австралија.
За постоењето на оваа агенција 20 години не знаеле ниту поединечни членови на владата, а нејзиното постоење во јавноста е признато во 1977 година.
8. Главната дирекција за надворешни работи во Франција
Собира и процесира безбедност поврзана за Франција. Основана е во 1982 година и помага во воено-стратешките одлуки и има мрежа околу 5.000 агенти низ цела Франција и остатокот од светот.
9. Bundesnachrichtendienst, Германија
БНД е германска разузнавачка служба која собира воени и цивилни податоци. Надзорот се фокусира на меѓународната комуникација и собирање информации поврзани со тероризмот, оружје за масовно уништување, организиран криминал и информациска војна.
10. Федерална служба за безбедност, Русија
ФСБ е рускуот наследник на КГБ. Се наоѓа во Москва, а главните операции се внатрешни активности, вклучувајќи и контра-разузнавачи надзор и гранична безбедност.
Некои агенции се толку тајни за јавноста што не се ни знае каде се наоѓаат и како изгледаат.
11. Истражувачко и аналитичко крило, Индија
Основано е во 1968 година, првенствено се фокусира на странски разузнавачки служби и борба против тероризмот. Го известуваат премиерот и нему директно му одговараат.
12. Пакинстанската разузнавачка агенција
Една од најозоласените разузнавачки служби во светот. Таа е основана во 1948 година и се смета дека има големо влијание врз пакинстанската влада.
13. Мосад, Израел
Една од најмоќните резузнавачки агенции во светот е Мосад. Одвоворна е за собирање на разузнавачки информации, тајни операции и контра-тероризам, како и заштита на еврејската заедница.
14. Министерство за државна безбедност, Кина
Одговорни се за странски разузнавачки и контрашпионски операции. Главен приоритет им е идентификување на непријателот, шпионажа и борба со револуционерни активности кои се закана за Комунистичката партија на Кина.