Некогаш децата прават и зборуваат нешта што се неизмерно смешни и симпатични. Друг пат, прават нешта од кои ви доаѓа да ве проголта земјата и никогаш да не се вратите. Факт: Ако си мајка, си видел се.
Група на такви напатени мајки, во серија од „исповедувачки“ пораки, ги раскажаа најсрамните доживувања со нивните најмали и најмили. Потоа ги испратија на женското комеди-дуо Шајна Ферм и Трејси Тее, кои воедно се домаќинки на таканареченото „Родителско некоректно шоу“.
Спремни?
„Мојот 3-годишен син беше во кадата со главата наведната надолу. Додека му ја миев косата, си се измоча во сопствената уста!! Бљак“
„3 годишен – ми рече дека мора да оди да кака. Наместо тоа, отиде во нашата бања, се соблече гол и целиот се напрска со дезодорансот на татко му, пред да го излиже како да е лижавче“
„Синчето и ќерката си ги вадеа сопствените мрсули и меѓусебно се хранеа со нив“
„Го премачкал подoт во кујната со коцка путер“
„Мојот 4-годишен син ми рече: Мамо, кога ќе се оженам, ти ќе бидеш истуркана од моето срце“
„Син ми се искакал во мојата чанта, која потоа ја отворив на касата во луксузен бутик, без да знам дека ќе ја ослободам неговата смрдеа!“
„Син ми ме виде гола и рече: Мамо, зошто твојот преден газ покажува на твојот друг газ?“
„Ќерка ми порача салата без зелка и марула“
„Мојот 6-годишник станал во 4:30 наутро, отворил ќеса со повеќе од килограм сурово мелено месо и нацртал пештерски слики по ѕидовите, подот, каучите и масичката. Имаше крв и парчиња месо од кујната, па до дневната. Смрдеше пеколно многу, бидејќи го најдов неколку часа подоцна“
„Ќерка ми и рече на касиерката во Волмарт да побрза, додека чекавме ред“
„Син ми се покака во кадата и го искористи гомното како играчка – подморница, комплет со пластични војници!“
„Мојата тогаш 4-годишна ќерка, среде Нордстром (познат моден бутик) се развика: Мамо, газот ти мириса на Читос (чипс)!“