Камионџија влегува во кафана и нарачува плескавица, пиво и баклава.
Таман кога почнува да јаде, пред вратата се паркираат тројца бесни хулигани на мотори и влегуваат внатре.
Се приближуваат до масата, еден плука на пивото, друг во плескавицата, а третиот ја јаде баклавата.
Возачот не реагира, станува, плаќа и излегува надвор.
Жестоките момци се смеат и му довикуваат на келнерот:
– Овој баш и не некој маж!
– Да, а и лош возач е, глеј само што прегази три мотори надвор.