Одел еден човек низ полето. Поминал покрај еден селанец и го прашал:
– Човеку, за колку време ќе стигнам до градот?
Селанецот го погледнал и му покажал со раката да продолжи да оди по патот.
Патникот помислил дека не го разбрал и прашал уште еднаш:
– За колку време ќе стигнам до градот?
Селанецот повторно му посочил со раката да оди.
„Очигледно не му се зборува” – си помислил патникот и продолжил.
После неколку метри пешачење, патникот слушнал како селанецот вика по него:
– Човеку, ќе стигнеш во градот на пладне.
– Добро де, два пати те прашав, зошто дури сега ми кажуваш? – прашал патникот.
– За да знам кога ќе стигнеш, мора прво да видам како врвиш- му одговорил селанецот.
Мисла на денот