Што издава позата во која заспивате?

Нашето расположение во текот на денот зависи и од позата во која што спиеме. Таа е тесно поврзана со начинот на живот и нашиот карактер.

Над 50 проценти од луѓето спијат во поза „ембрион“ – свиткани на една страна, со колена прибрани кон главата. Оваа позиција е карактеристична за луѓето кои често се загрижени – за нив сонот е своевидна удобна зона по напорниот ден, смета Роберт Фипс специјалист, кој го истражува јазикот на телото. Луѓето кои спијат свиткани обично се совесни и подредени, но имаат тенденција да бидат непотребно загрижени.

Друга популарна позиција е „трупецот” – на грб, со испружени тело и раце припени кон телото. Луѓето кои спијат така, се тврдоглави и донекаде строги, а се одликуваат со упорност, но им недостасува флексибилност.

Sleep_patterns_1603956y

Една четвртина од учесниците во анкетата на Фипс спијат легнати настрана со испружени раце кон напред. Според него, тоа се луѓе кои цврсто ги извршуваат своите планови и секогаш се стремат кон нешто. Тие можат да се многу критични кон себе – очекуваат секогаш одлични резултати и не се откажуваат брзо, ако не ги постигнат. Советот за нив е да разберат што е она што навистина го сакаат и да не го губат времето со мечти кои нема да им донесат задоволство.

Последната од најчестите позиции е на стомак, со раце на главата. Луѓето кои спијат така, ја гушкаат перницата, како бродоломците спасувачката табла. Тие често имаат чувство дека животот “се случува покрај нив” и немаат контрола над она што ќе се случи во текот на денот. Обично се будат напнати, со чувство дека треба да се справат со проблеми и задачи, останати од претходниот ден. Според Фепс тие треба да се стремат да се справуваат со работите чекор по чекор, преземајќи контрола над денот, за да го земат животот во своите раце.

- Реклама -