Уште во 1965 година магазинот „Тајм“ ја опишал Југославија како земја на Маркс, но и Гручо Маркс, бидејќи во нашиот социјализам се пиела кока-кола, се гледале холивудски филмови, се слушале џез и рокенрол, а на малите екрани сме гледале „Долго топло лето“.
Американската CBS мрежа, односно ТВ станица од нејзината филијала во Лос Анџелес, Калифорнија, снимила во 1986 година еден интересен туристички документарец. Тој прикажува прекрасна земја, туристичка атракција со богат животен стил. Водител на оваа програма е американската актерка Мелоди Роџерс, а Југославија е една од многуте земји претставени на оваа американска телевизија во 80-ите.
Во оваа чудесна земја која ги разбила нејзините предрасуди, Мелдоди меѓу останатото вели дека „има ривиера како Франција, коцкарници како Монте Карло, острови како Грција и Алпи како Швајцарија. Притоа, во оваа земја може да се вечера во комбинација со врвно вино, за само пет долари од личност.
Интересно е да се спомене дека на крајот од емисијата таа ги сумира своите заклучоци од патувањето низ Југославија, наведувајќи дека таа е една од најубавите земји што ги посетиле. Со нејзините зборови „Ова е спектакуларно!’.
Таа на крајот, качувајќи се по скалите на еден замок во Опатија вели: „Низ цела Југославија постојат овие прекраснин замоци кои некогаш биле користени од кралевите и кралиците, племството во Југославија. Бидејќи веќе нема племство, тие се сега убави, необични хотели, што ги користат луѓето како мене и вас.
Во продолжение, погледнете го целиот документарен филм: