9 видови на храна кои ќе ви ја подобрат меморијата

Здравиот начин на исхрана го намалува ризикот од дијабетес, хипертензија и срцеви заболувања, но се уште не е јасно дали е точна хипотезата дека има улога во превенцијата и на Алцхајмеровата болест.

Националниот институт за Здравје, од неодамна ги потврди резултатите на недоволните докази дали начинот на исхраната, диететскиот режим, или животниот стил имаат улога во превенција на Алцхајмеровата болест.

Во поматамошниот текст се набројани 9 видови на храна за кои истражувачите сметаат дека имаат улога во одржувањето на тонусот на целото тело – вклучително и вашиот мозок.

Маслиново масло

Статистиките ги поддржуваат типовите на храна кои се богати со витамин Е, вклучително и растителните масла, семињата, оревите, путерот од кикиритки и зрнестите намирници. Користа потекнува само од храната а не и од суплементите.

Моќниот антиоксидант – витаминот Е, може да помогне во заштитата на невроните. Кај Алцхајмеровата болест, невроните во одредени делови од мозокот изумираат, со што започнува каскада на настани кои водат до когнитивно пропаѓање (детериоација).

Риба

Сомот, крапот, туната и останатите видови на риби се богати со омега 3 масни киселини, како и ДХА (докосахексеноична кислеина). За мозокот ДХА се верува дека е мошне важна во однос на функционирањето на невроните.

Јадењето повеќе риба значи внесување на помалку црвено месо и останати форми на протеини кои се високо-ризични за развивање на масни депозити во артериските крвни садови.

Зеленo-листест зеленчук

Брокулите, спанаќот, кељот и прокељот се одлични извори на витамин Е.
На пример, една порција на свеж спанаќ сочинува 15% од Вашиот дневен внес на витамин Е.

Се уште не е докажано како фолатите го заштитуваат мозокот, но се смета дека намаленото ниво на амино киселината позната како хомоцистеин игра голема улога во тоа. Високото ниво на хомоцистеинот може да предизвика смрт на нервните клетки во мозокот, но фолната киселина помага во неговата разградба.

Високи нивоа на хомоцистеин исто така се поврзани со зголемен ризик од срцеви болести.

Авокадо

Овој тропски зеленчук налик на овошје, е секако богат извор на антиоксиданси и витамин Е. Според истражувањето од страна на Морис и неговите соработници, храната богата со витамин Е – вклучително и авокадото, што исто така е богато со витамин Ц, е асоцирано со намален ризик од развој на Алцхајмерова болест.

Прочитајте и:  „Бела Вода“ на „Tikveš Château & Domaines“ прогласено за најдобро вино од земјава на Open Balkan Wine Trophy Competition во Белград

Семки од сончоглед

Семките од сончогледот се богат извор на витамин Е. Една рака суво испечени семки од сончоглед содржат 30% од Вашата препорачана дневна доза од витамин Е. Додадете ги на вашата салата за да му дадете на мозокот бустер доза.

Кикирики и путер од кикирики

Иако и двата типа се богати со масти, тие се солиден извор на здрави маснотии. И кикириките и путерот помагаат во одржувањето на здравјето на срцето и на мозокот.

Црвено вино

Студиите покажале дека лицата кои конзумираат умерени количини на црвено вино и останати типови на алкохол може да го намалат ризикот од Алцхајмерова болест. Лицата кои конзумираат алкохол во умерени количини и се хранат здраво, може да бидат поздрави од оние кои не конзумираат воопшто, па е тешко да се одреди дали здравата диета е онаа која ги заштитува од здравствените проблеми, или пак останатите здравствени навики.

Капини

Според последното најново истражување презентирано на Националниот собир на Американското друштво на хемичари, капините, малините и јагодите, може да помогнат во намалувањето на ризикот од когнитивната детериоација што нормално се развива прогресивно со текот на годините. Овој механизам помага во ослободувањето на токсичните метаболити кои се поврзуваат со возрасно-асоцираниот губиток на меморијата.

Мешункасто овошје

Зрната кои се богати со влакна се интегрален дел на медитеранската диета, која исто така е составена од овошје, зеленчук, зрнести овошја и семиња, маслиново масло и црвено вино.

Истражувачите од медицинскиот центар – Колумбија во Њу Јорк, покажале дека овој тип на исхрана се поврзува со намален ризик од мали когнитивни нарушувања кои може да прогредираат во Алцхајмерова болест.

Овој вид на диета го намалува воспалението, оксидативниот стрес, и останатите васкуларни ризични фактори, како и високиот крвен притисок.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -