Мала куќа на тркала, издржлива и на -50 степени

Канадски дизајнери создадоа совршена мала куќа, која може да издржи во услови на исклучително студено време.

Екипата зад Leaf House Small Space Design & Build успеа да спроведе иновативен приод во структуирањето на куќа со димензии од 9 квадратни метри. Верзија 3, како што е насловен проектот, го совладува предизвикот да одолее на температури како 50 степени под нулата.

Освен тоа условите во куќата одговорат целосно на современите трендови во дизајнот. Ѕидот со мали огледални плочки е инсталиран, за да направи просторот да изгледа поголем. Сите потребни апарати за нормално функционирање на домаќинството се достапни. Кујната располага со простор за зачини и други состојки потребни на една домаќинка, како и шпорет со две рингли и мал фрижидер под него.

Истражувајќи ја куќата на тркала ќе бидете уверени колку е истата неверојатна.

6(682)

7(606)

8(504)

9(454)

10(388)

11(264)

- Реклама -