Во разни бои, модели, стилови, чантите се составен дел од сечиј стајлинг.
Сакаме големи торби, во кои може да собере безброј „потребни“ ситници и уживаме во винтаж торбите.
Има барем нешто посебно во чантите, па каква и да е облеката, едноставно не е потполна без чанта.
Овие денови не можевме, а да не ги забележиме зелените чанти, кои ги носат дел од нашите омилени блогери и Street Style ѕвезди.
Доколку сакате да му додадете забавна нота на вашиот изглед, нека биде зелената вашиот избор. Можеби овие зелени чанти на уличните метрополи, како кокичиња, ги најавуваат возбудливите пролетни дни.