Ем петок, ем 13-ти

Петок 13-ти, од памтивек, досега продолжува да предизвикува нејасно чувство на примарен страв, и тоа, кај многумина.

Потекло

Истражувачите сè уште ги бараат корените на суеверието за петок 13. Постојат неколку хипотези: На тајната вечера присуствувале 13 луѓе – Исус и 12-те апостоли. И до ден денес кај многу народи постои верување дека 13 души не седнуваат заедно на маса. Предавникот Јуда дошол последен, тринаесетти. Други потсетуваат дека Исус Христос е распнат токму на денот петок. Суеверието најверојатно има врска и со лунарниот-соларен календар, кој треба да има по 13 месеци во некои години, додека Грегоријанскиот и лунарниот исламски календар секогаш имаат по 12 месеци во годината. Според други лошата слава на петок 13 се должи на еден древен скандинавски мит. 12 богови се собрале на веселба во Валхала, домот на богот Один. Палавиот бог на злото и оганот Локи дошол непоканет на прославата како 13-и гостин и подмолно го убил со стрела богот на радоста Балдер. Земјата веднаш потонала во мрак.

Во поново време јасно се издвојува датумот 13 октомври 1307 година, кога по наредба на францускиот крал Филип IV и папата Климент V се апсат Жак де Моле, Големиот мајстор на Орденот на темпларите и илјадници рицари од орденот. Подложени на ужасни мачења, тие ја признале вината по обвиненијата за ерес, бестијалност и секакви други злосторства. Стотици биле изгорени на клада, други биле егзекутирани подоцна. Од тој ден па натаму петок 13 и е сметан за лош и несреќен ден од следбениците на темпларите. Во древен Рим магионичарите се собирале во групи од 12. Верувале дека 13-иот во групата е самиот ѓавол. Според нумеролозите бројката 13 „страда” поради нејзината позиција после 12. Има 12 месеци во годината, 12 Хороскопски знаци, 12 богови на Олимп, 12 племиња на Израел, 12 апостоли на Исус. Во картите Тарот 13-та е картата на смртта.

Интересни факти

Стравот од бројот 13 е силен и денес. Повеќе од 80 проценти од високите згради немаат 13-ти кат. Многу аеродроми ја пропуштаат 13-та песна. Бројни хотели се без 13-кат или 13-а соба. Во Формула 1 нема болид со број 13. Улиците во Фиренца немаат број 13. 12 и пол или 12а за нив звучи прифатливо. На 13 април 1970 година експлозија на кислороден резервоар ги уништила  плановите на Аполо 13 за слетување на Месечината. Шатлот е истрелан од ракетно игралиште број 39 (13 х 3). Љубителите на бројките јасно наѕираат црна прокоба – износот од бројките во датумот на полетување на ракетата, испишана на начинот предвиден во САД (4-11-70) е 13. Часот на лансирање на Аполо 13 е 13:13 по американско време. Имињата на некои од најпознатите сериски убијци содржаат по 13 букви: Jack the Ripper, John Wayne Gacy, Charles Manson, Jeffrey Dahmer, Theodore (Ted) Bundy.

На 13-ти февруари 2009 година во САД банкротираа четири банки, со што вкупниот број на објавени банкроти од почетокот на годинатадостигна 13. На овој датум многумина се толку парализирани од страв што дури не стануваат од кревет . Други одбиваат да летаат со авион, да патуваат воопшто, трети го одложуваат купувањето на живеалиште. Рестораните и забавните установи остануваат полупразни. Пресметано е дека на овој ден во САД бизнисмените губат помеѓу 800 и 900 милиони долари, бидејќи многу луѓе едноставно не одат на работа.

Стручно мислење

Доналд Доси, основач на Центарот за управување на стресот и Институтот по фобии во Ешвил, Северна Каролина, вели дека стравот од петок 13 измачува помеѓу 17 и 21 милиони Американци. Симптомите варираат од умерена тревога до тотална паника. Психолозите докажале дека луѓето кои се сметаат за несреќни, поверојатно е да веруваат во суеверија поврзани со лошата среќа. Една четвртина од испитаниците го поврзуваат бројот 13 со лошата среќа. Токму оваа група луѓе е најверојатно да бидат вознемирени во денови како петок, 13-и.

- Реклама -