Во денешната статија од категоријата „дом“ возиме до Нов Зеланд.
Тука вниманието ни го привлече еден детално уреден стан, од страна на студиото Techne Architecture во соработка со Doherty Design.
Особено имперсивен е внатрешниот ентериер, при кој што темелно е размислен секој еден предмет, со акцент врз креативните елементи и рачната изработка.
Ова е уште еден совршено уреден дом, кој уште од самиот влез, зрачи од позитивна енергија.