Нова генерација еколошки машини помагаат за развојот на руралните средини

Кога велосипедот ќе се сретне со машината, буквално летаат искри. Запознајте се со Bici-Tec, нова експериментална иницијатива која го комбинира тркалото со модерната технологија, за да помогне во развојот на руралните региони во светот, пишува GoodNet.

Идејата за Bici-Tec се раѓа во главата на Карлос Макорин и компанијата почнува да создава различни иновации како водни пумпи, машини за лупење на пченка и др.

Секоја од овие активности е тешка и напорна. Како резултат земјоделците можат да произведат повеќе и да заштедат време, а освен тоа користат опрема што не ја загадуваат природата. За да ја шири и сподели својата технологија, Марокин неодамна го создава училиштето за технологија што ги учи луѓето на тоа да управуваат машини, базирани на тркалото. Во неговиот 6-неделен курс се обучуваат гватемалските работници и фармери, како и оние кои се дојдени од други земја за да ја асимилираат теоријата и практиката. Овој нов бран “технологија на погон со педали” е зелен и економичен и помага на руралните области да ја зајакнат својата продуктивност и да започнат период на економски просперитет во едни тешки времиња.

- Реклама -