Каде ја сокриле Боговите тајната на семоќноста?

Одамна, многу одамна, на Земјата живееле само семоќните Богови. Тие знаеле како да ја постигнат секоја цел и затоа се чувствувале недостижни. Но еднаш, на Земјата се појавил Човекот и почнал да се развива толку брзо што Боговите започнале да стравуваат дека ќе стане семоќен како нив.

Затоа одлучиле да ја скријат тајната за семоќ онаму каде човекот никогаш нема да ја открие. Прво ја однеле на еден висок планински врв. Но човекот бил љубопитен и продолжил брзо да учи. Тогаш ја преселиле на дното на океанот. Но човекот повторно им докажал дека е способен да детектира сè што бара.

Тогаш, најмалиот Бог предложил да ја скријат тајната на семоќност онаму каде човекот никогаш нема да ја побара – внатре во самиот него. И се испоставило како најдобро решение – оттогаш многумина ја бараат оваа тајна, но не успеваат да ја најдат, иако единственото што треба да го направат е да погледнат во самите себе.

Мисла на денот

- Реклама -