Полицијата открила фарма за канабис, откако снегот на покривот пребрзо се стопил

Ако нешто научивме од Волтер Вајт и Breaking Bad, тоа е дека масивното производство на дрога е тешко да се сокрие. Па така, сопствениците на оваа фарма за канабис завршија во рацете на полицијата, но заради благо речено сатирична причина. Ги исцинкари времето.

Имено, холандската полиција била алармирана од соседите, откако тие забележале дека на кровот на една од куќите во нивното соседство, снегот побрзо се топи отколку на другите покриви. Откако полицијата упаднала во куќата, тие нашле неколку лампи кои се користат при одгледувањето на илегалното растение. Истите тие лампи се причината зошто кровот побрзо се загревал, топејќи го снегот.

ad_159304975[1]

Овој метод на ловење на криминалците кои одгледуваат нелегални растенија стана доста популарен во полициските редови на Холандија. Не само тоа, полицијата дури објавува и фотографии (како оваа погоре) како упатство за цивилното население за тоа на што да обрне внимание ако се сомнева дека некој од соседите одгледува канабис.

Прочитајте и:  Тошковски: Имаме голем број докази за криминали добиени преку SKY апликацијата, акциите веќе не протекуваат и сите што треба завршуваат зад решетки

Од истиве причини, полицијата во Велика Британија почна да употребува термални камери на хеликоптерите, трагајќи по куќи што се абнормално топли и потенцијални фарми за канабис. Од друга страна, населението е загрижено заради можноста дека оние кои поседуваат домови со сауна или лоша термална изолација можат да завршат како осомничени од полицијата.

- Реклама -