Диета со лути пиперки

Ново истражување покажа одамна усвоено тврдење, дека лутата храна помага за слабеење.

Причината за тоа се крие во стимулирањето на метаболизмот, која настанува како резултат на овие производи.

Истражување откри дека капсаицинот – фенолно соединение кое е одговорно за вкусот на лутата пиперка – може да помогне за согорување на мастите во телото.

Искушенијата за добар оброк, со мрсна или слатка храна е толку големо што многу луѓе не успеваат да одолеат – дури и да се обидуваат да го намалат внесувањето на калории. Според научниците сепак капсаицинот може да биде решението на овој проблем бидејќи го забрзува метаболизмот, без да биде потребно да се почитува некаква строга диета.

Прочитајте и:  Омилениот зимски пијалок може да го намали ризикот од срцев удар, покажуваат истражувања

Експертите од Универзитетот во Вајоминг, САД, откриле дека соединението може да стимулира трошење на енергија и појава на топлина. Процесот се нарекува термогенеза и кај него се согоруваат вишокот калории во организмот. Капсаицинот активира рецептори во телото кои го стимулираат процесот на трошење на енергија. Овие рецептори се наоѓаат во белите и кафени масни клетки. Белите масни клетки ги согоруваат калориите и ги складираат како масти. Специјалистите спровеле истражувањето врз група глувци.

Заклучоците им се дека капсаицинот во лутата храна може да помогне за намалување на ризикот од дебелеење и е добар сојузник во битката со вишокот килограми.

- Реклама -