Решена мистеријата со авионот исчезнат во 1961 година

Група чилеански планинари го пронајде авионот даглас DC-3, што на Андите се урна пред 54 години, но не сакаат да ја откријат точната локација на авионот за да се спречи грабеж и собирање голем број љубопитни луѓе.

Трупот на леталото и остатоци на скелетот на 24 патници, меѓу кои имало и осум членови на чилеанскиот фудбалски клуб „Грин Крос“, пронајдени се на 3.200 метри височина, околу 300 километри јужно од Сантјаго.

Исчезнувањето на авионот на 3 април 1961 година го запрепасти светот на фудбалот, тоа беше една од најголемите нерешени мистерии во историјата на чиленското воздухопловство.

Клубот „Грин Крос“ тој ден го одиграл натпреварот на државното првенство во Осорно и играчите се враќале во Сантјаго. Екипата отпатувала во два авиони, од кои еден, со осум првотимци, набрзо исчезна без траг на радарите и никогаш не е пронајден.

Прочитајте и:  Руски авион се запали при слетување во Анталија – сите патници евакуирани (ВИДЕО)

Спасувачите со недели го барале авионот, а потоа е организиран симболичен погреб за настраданите на кој присуствуваа голем број Чилеанци.

- Реклама -