Мојот татко кога имав …
4 години:
Мојот татко може сè! Тој е најсилниот и најпаметниот. Она што го кажува е самата вистина и никогаш не се сомневам во тоа …
5 години:
Мојот татко знае страшно многу нешта! Нема прашање на кое што не наоѓа одговор. Секогаш има трпение да ми ги објаснува комплицираните работи, за јас да го разберам…
6 години:
Мојот татко е попаметен од твојот! Ќе ти докажам…
8 години:
Мојот татко не знае сосема сè …
10 години:
Во тие толку далечни времиња, кога мојот татко бил мал, работите биле доста различни. Она што го сакаме ние сега, никако не му е јасно.
12 години:
Логично, мојот татко не разбира ништо од овие работи. Сепак е премногу стар за да се сеќава на детството …
15 години:
Не обрнувајте внимание на мојот татко. Тој е толку старомоден …
20 години:
Господи, нека не зборува пред моите другари и другарки. Само нека молчи!
25 години:
Тато доста се разбира од некои работи. Но, тоа е сосема логично, откако живеел толку долго …
30 години:
Можеби треба да се консултирате со тато. На крајот на краиштата, тој е човек со искуство, иако јас сум повеќе во тек со работите …
35 години:
Ништо нема да преземам, без да разговарам со тато …
40 години:
Се прашувам како ли би се справил тато? Како можев да го гледам отстрана и во умот да не ми минува дека животот е толку неискрен …
50 години:
Се би дала тато да е тука и да разговарам со него …
Те сакам, тато!
Автор: Ана Ландарс