НАСА објави видео кое покажува како изгледа другата страна на Месечината, што луѓето не можат да ја видат.
Нарекувана често „темната” страна на месечината, нејзиниот друг дел всушност се осветлува од сонцето токму толку често колку и оној кој го гледаме.
Видеото е направено со користење на стотици терабајти податоци собрани од меѓупланетарна станица, како и преку употреба на компјутерска графика. Видеото веќе има над 700 000 прегледи на YouTube.