Чистењето на снегот во дворот е напорно и досадно, ако го правите на стандарниот начин – со лопата. Затоа овој дечко од Западна Вирџинија решил да си ја олесни работата, ем да ја направи забавна. Наместо лопата, неговиот алат е креативноста.
Еден поглед и ќе ви стане јасно. Сте го правеле и вие истото, секогаш кога сте правеле Снешко. Почнувате со една средно голема грутка снег, а потоа само ја тркалате по дворот. Проблемот – решен.