Flipboard достапен преку Play Store

И најпосле, официјално Flipboard е достапен на Play Store. Откако беше повлечен од S3 корисниците на Android со нетрпение го очекуваа „социјалниот магазин“ кој имаше успех на iOS.

Апликацијата која е опишана како „единственото нешто што може да ви го поедностави секојдневниот живот“ вчера се појави на Play Store, носејќи со себе социјален читач на вести со иновативен кориснички интерфејс за сите корисници на Android.

За оние кои не се запознаени со концептот – Flipboard им овозможува на корисниците не само да читаат вести поврзани со нивните омилени теми туку, туку и да го споделат она што го читаат.

Апликацијата треба да им овозможи на корисниците да чуваат сè што луѓето читаат, споделуваат, собираат и објавуваат на едно место. Тие ќе можат да го поврзат Flipboard со 12 социјални мрежи, од Twitter и Facebook до Instagram, Google+, YouTube, Google Reader и други.

Прочитајте и:  За да ја сруши доминацијата на iPad, Google ги спојува ChromeOS и Android

Интерфејсот на апликацијата овозможува визуелно богати информации на прв поглед и опфаќа постојано апдејтирани Насловни Написи. Апликацијата исто така опфаќа и корисен водич за содржина кој ќе им помогне на корисниците да откријат нови содржини.

Она што е најдобро е тоа што Flipboard е бесплатен и достапен во 14 локализирани изведби за луѓето во Австралија, Канада, Кина, Франција, Германија, Хонг Конг, Италија, Јапонија, Кореја, Холандија, Шпанија, Тајван, САД и Обединетото Кралство.

- Реклама -