Шест најлуди вселенски мисии што човештвото ги планира токму во овој момент

Вчера, вселенската мисија „New Horizons“ вроди со првите јасни фотографии од површината на Плутон, означувајќи почеток на еден извонреден поглед во непознатиот, леден Кајперов Појас на работ на нашиот сончев систем. А сепак, се ова е гола вода во однос на вселенските мисии што човештвото ги планира во моментов.

Испраќање на сонда до Сонцето

solar_probe_plus_spacecraft_on_approach_to_the_sun[1]

Се разбира, оваа мисија нема да има човечки екипаж. Можно е да биде лансирана некаде во 2018-тата. Насиниот робот Solar Probe Plus ќе се доближи екстремно блиску до површината на Сонцето (4.828.032 километри). Сондата ќе користи штит кој би требало да обезбеди сенка и да спречи сондата да биде спржена додека врши мерења на нашата ѕвезда.

Садење марули на Марс

TO GO WITH AFP STORY IN FRENCH : "VINGT

Првата земјена форма на живот што би требало да пристигне на Марс не ќе да е човекот. На негово место ќе одат неколку свежи марули. Еден нов проект на Универзитетот во Саутхемптон има за цел да ја засади првата марула на „црвената планета“ во 2018-тата. Лансирањето би се одвивало на плеќите на планираната мисија „Mars One“, при што би можеле да дојдеме до еден клучен одговор – Што би можеле луѓето да јадат на Марс?

Копање руда на Месечината

shackleton[1]

Во зачеток е уште една вселенска трка, како последица на тоа што рударските компании се соочуваат со недостаток од ресурси на Земјата. Неколку од нив веќе меркаат неколку локации на Месечината. Но, она што се смета за највредно од менито на Месечината е изненадувачки – вода. Многу веројатно е дека токму огромните резерви од 1.6 билиони тони вода на половите на Месечината ќе бидат мета на новата „златна треска“. Водата на Земјата е евтина, но да се однесе во вселената е многу скапо. Затоа една компанија од Тексас планира да им продава месечева вода на компаниите, како гориво за вселенските летала.

Лебдечки градови на Венера

ad_155026248-e1423236207496[1]

Токсичната и жешка површина на Венера претставува уникатен предизвик за вселенските скаути. Па, НАСА мора да мисли „надвор од кутијата“, а веќе се покажа дека е добра во тоа.

Прочитајте и:  Исланд ќе добива електрична енергија од вселената

Производот е планирана мисија наречена Enter the HAVOC, a HAVOC е всушност High Altitude Venus Operational Concept воздушен балон. Тоа е нов метод на транспорт кој би им овозможил на астронаутите да ја истражуваат планетата без да ризикуваат контакт со површината, која патем е доволно жешка за да стопи олово.

Овие соларно-напојувани летечки машини би можеле да им овозможат на научниците да поминат дури една година проучувајќи ја Венера. Истражувачкиот центар на НАСА размислува и за градење на „лебдечки лаборатории-градови“ на Венера.

Роботски рудари кои ќе бараат астероиди богати со платина

asteroid333[1]

Deep Space Industries, подржана од режисерот на Avatar – Џејмс Камерон, планира да лансира вселенски летала чија цел ќе биде да собираат минерали од астероидите. Се очекува дека во блиска иднина овие летала ќе почнат со својата прва мисија – потрага по најбогатите астероидски мети. Целта е продукција на вода, пропеланти (гориво) и градежни материјали со кои би се услужувал вселенскиот пазар – од продолжување на животот и способностите на комерцијалните сателити, па до нудење на подршка и енергија на некои идни приватни орбитирачки истражувачки станици.

Луѓе на Марс

ad_153649768[1]

Лани, НАСА го лансираше Orion – вселенска капсула способна да ги пренесе првите луѓе до површината на Марс. Во пакет со новата ракета Space Launch System (SLS), капсулата би требало да го однесе екипажот пред се до површината на одреден астероид, а потоа и до Марс.

НАСА се стреми кон тоа да ги стави првите луѓе на црвената планета до 2030-тата, но постојат големи предизвици што треба да се надминат, особено опасноста од радијација во вселената.

Чарлс Болден, поранешен астронаут, го смета Марс за „врвната дестинација на оваа генерација“. Иако, познавајќи го човештвото, по Марс веднаш ќе најдеме нова мета.

- Реклама -