За Британците, Ван Гог е менаџер, а Пикасо шампањ

Одреден процент од населението во Велика Британија мисли дека Винсент Ван Гог е менаџер на фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед, а италијанскиот сликар Сандро Ботичели е вид на паста, додека Пабло Пикасо е име на еден вид шампањ.

Ова истражување го спроведе телевизискиот канал „Nicleodeon“, земајќи за примерок 2.000 луѓе постари од 18 години.

Покрај тоа што ги мешале Луј Ван Гал и Ван Гог, имало уште интересни одговори. Така за еден од најголемите сликари во историјата на уметноста имало и одговор дека е вид на кафе.

Не е чудно што голем дел од луѓето за прочуениот вајар Донател, мислеле дека е нинџа желка. Сликарот Реноар за 18 проценти од анкетираните е марка на автомобил, вино, па дури и филмски жанр.

Прочитајте и:  Внимание: Го направија Скопје зоолошка градина, паѓаат фасади, нема безбедност, владее урбана мафијa
- Реклама -