Како таблетите ја оштетуваат детската психа?

Не се безбедни сите методи за смирување на децата, а дел од научниците советуваат некои од нив да не се користат.

Научниците се посомневале во користа на современите техно гаџети, за здравјето на детето и направиле истражување за да ја проверат вистинитоста на тврдењето. Сè почесто во борбата против детскиот плач се користат такви средства како паметен телефон, таблет или компјутер. Вниманието на детето е пренасочено и тоа престанува да плаче. Ова, сепак му штети на детскиот развој, категорични се научниците.

Додека денес технологијата се користи како средство за справување со детската хистерија, во иднина токму овој пристап може да се покаже како главна причина за емоционални тешкотии на детето. Експертите објаснуваат дека со овој метод емоционалниот развој на детето е загрозен, бидејќи тоа нема да знае како да ги контролира чувствата. Многу е важно детето да бара сопствен начин за справување со емоциите, а не да се обидува да ги крие, користејќи компјутерски игри и програми, кои ќе му го одвлекуваат вниманието.

Наметнувањата за справување со агресијата, тагата и други емоции со времето води до сериозни нервни хаварии, а од таму до развој на психички растројства.

children-using-tablet

 

Шефот на истражувањето Џени Радецки го забележува негативното влијание на технолошките гаџети кои денес се користат во секое семејство, врз развојот на навиките на живото општење:

„Мобилните уреди денес се насекаде, па затоа и децата ги користат почесто и во уште порана возраст. Но, какво влијание имаат овие уреди врз развојот на детето, не знаат сите. Добро познато е погубното влијание врз јазичните и социјалните навики на прекумерното гледање телевизија. Времето што го поминуваат децата со мобилните уреди веќе се изедначува со она поминато пред телевизорот. Ако родителите го смируваат детето, со тоа што му врачуваат таблет, тие не дозволуваат на неговиот внатрешен механизам за самоконтрола да се развива. ”

efemmepadthing_LargeWide

 

Освен тоа, научниците потсетуваат дека користењето на паметните телефони доведува до влошување на видот на детето. Најважно, сепак, е дека техничките достигнувања не се способни да го заменат вниманието на родителите. Тие  треба да комуницираат со своите деца без интервенција на таблети и телефони, за да имаат малите нормален развој.

Друго истражување покажува дека интернетот и видео игрите ја намалуваат успешноста на учениците.

Недостатокот на родителска контрола и прекумерното стоење пред компјутер го зголемуваат и ризикот кон зависнот од алкохолот и други психоактивни супстанции.

- Реклама -