BMW планира нов M1 супер-автомобил

Пред извесно време се појавија гласини дека BMW се подготвува да прероди еден од своите уникатни модели, спортскиот М1. Тогаш Баварците ја отфрлија таквата можност, но според германските медиуми, наследникот на легендарната машина ќе се појави најдоцна во 2016 година.

Не станува збор за М модификација на BMW Ѕeries 1, туку за заедно со Lamborghini лансираниот модел од 1978 година, наменет за натпревари. По тогашните прописи, за да може да учествува во слични натпревари, моделот требаше да биде произведен во не помалку од 400 парчиња за период од 24 месеци. Tој требало да има задолжително две седишта и да не се разликува на изглед од серискиот модел. BMW ги исполнил овие услови.

Една од причините зошто Баварците не сакаат да даваат коментар на оваа тема е што сé уште не се одлучиле дали новиот модел да продолжи да го носи името М1, кој збунува со сегашниот BMW Ѕeries 1 М, или да го наречат М8.

Инаку, конструкторите веќе имаат идеја за моторот со кој ќе располага ова остварување – V8 со моќност меѓу 600 и 650 КЅ. Очекувањата се автомобилот да развива максимална брзина од 330 km/h и на тој начин успешно да им конкурира на Audi R8, новиот Porsche 911 и Mercedes-Benz SLS AMG.

И покрај сериозните инвестиции, во BMW планираат да користат материјали како алуминиум, титаниум и јаглерод за правење на овој спортски автомобил. Неговата тежина не смее да надмине 1.250 kg. Медиумите во Германија дури се шпекулираат со цената на оваа ѕверка – 250.000 евра.

Објавено во соработка со Авто Плус.

- Реклама -