5 совети со кои ќе го намалите стресот на првиот состанок

И после толку очекување дојде времето кога треба да се сретнете за прв пат. Не можете да дочекате да дојде времето кога треба да излезете и сите чувства се ви измешани.


Радост, возбуда, пеперутки во стомакот… а од друга страна страв, несигурност… Како да го победам стресот пред првиот состанок?

Припремете го “теренот” правилно

Пред да излезете со неа/него на прв состанок, практикувајте да разговарате малку подолго пред тоа. По телефон или на чет или на било кој начин запознајте се малку со нејзините приоритети и желби. Овде не станува збор за посебно договарање, но сепак за да знаете како да постапите правилно, најдобро е пред време да знаете каква музика слуша, какви места преферира и слично. На овој начин ќе бидете посигурни и помирни, а и ќе знаете дека местото кое го одбравте за прв состанок не е тотално промашување.

Раскомотете го стајлингот

Немојте да се врзувате со кравата или да облекувате високи штикли доколку во тоа не сте вешти. Целата вечер ќе ја поминете мислејќи дали краватата и костумот се ви добро наместени или изгледате смешно. Бидете раскомотени, облечете се пристојно но комотно, така лесно ќе функционирате и нема да се грижите многу околу тоа дали се е под контрола. Ова не значи дека на првиот состанок треба да одите во тренерки, сепак треба да облечете нешто што е прикладно и угледно, но никогаш не го пробувајте новиот стајлинг точно на вашиот прв состанок.

Бидете присебни, оригинални

Секогаш бидете онакви какви што сте. Сетете се дека причината зошто таа или тој е со вас на состанок е точно поради фактот што ве засакал или засакала такви какви што сте. Немојте да глумите претерана љубезност или дрскост, бидете свои и разговатајте како со било кој друг. Немојте да земате примери од љубовните филмови или да правите нешто што незнаете како ќе заврши. Сетете се дека таа или тој ве сака онаков каквов што ве видела пред да дојде до состанокот. И покрај ова, дишете почесто и слободно, ова ќе ве ослободи од напнатоста.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

Доколку сте во ресторан нарачајте вино

Да, доколку вашиот состанок е во ресторан нарачајте вино. Доколку и таа или тој се согласат секако, бидејќи виното е одличен избор за вакви работи. Тоа ќе ве опушти смири, а се верува дека има и афродизјачки моќи, особено црвеното. Ова е се што ви треба за работите да ви тргнат и да ги држите под контрола. Сепак внимавајте, никако немојте да претерувате, тенка е границата помеѓу успешниот состанок и тоталното фијаско, особено кога зборуваме за виното.

Не го преценувајте партнерот

Секако дека вие ја сакате и затоа сте излезени и имате сериозни намери, сепак не ја преценувајте. Сетете се дека и таа како и вие се плаши како ќе заврши сето тоа. Па ако сте свесни за овој факт ќе направите опуштена атмосфера и незаборавен прв состанок, кој сигурно нема да остане прв.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -