Иако забавата е неизбежен дел од секое патување, жените помлади од 30 години бараат повеќе од летна забава и одмор. Имено, жените во дваесетите години на патувањата често уживаат во секс за една ноќ, покажуваат новите истражувања.
Во истражувањето што го спроведе сајтот misstravel.com учествувале 30.000 испитаници и сите одговориле на десет прашања за своите сексуални активности во текот на годишниот одмор. Повеќе од 40 отсто од жените помлади од 30 години признале дека за време на патувањата практикуваат секс за една вечер.
Околу 10 отсто од нив за време на летувањето од една недела имале пет или повеќе сексуални партнери. Повеќе од 30 отсто во истиот временски период имале најмалку еден сексуален партнер. Истражувачите дошле до заклучокот дека жените се повеќе склони кон промискуитет додека се на патување, отколку во секојдневниот живот.
Ова не е прва студија што донела вакви резултати. Американските и австралиски истражувања во последниве две години го потврдуваат овој тренд. Интересно е тоа што на патувањата сексуално се опуштаат и жените кои по природа се многу затворени и срамежливи.