Мумијата е совршено сочувана, а најфасинантното е положбата во која се наоѓа.
Во Монголија е пронајдено речиси совршено сочувано мумифицирано тело на маж, кој веројатно бил монах. Се проценува дека мумијата е стара најмалку 200 години, уште пофасцинантно од тоа е што се наоѓа во лотос позиција во која инаку се мадитира. Поради тоа и се претпоставува дека станува збор за будистички свештеник, пишува Daily Mirror.
Пронајденото тело најверојано е ммумифицирано во почетокот на 19-ти век. Мумијата е покриена со кожа од коњ, крава или камила, кое ќе биде точно утврдено за време на анализата.
Некои шпекулираат дека станува збор за будистичкиот свештеник и учител Даши-Дорзхо Итигилов кој живеел во 19-ти век.