Од Марс или Венера – од каде и да се, различни се

Колку и да се согласуваме или не со споредбата дека „Мажите се од Марс, а жените од Венера“, факт е дека вечната битка меѓу половите никогаш не завршува. Жените никогаш нема да ги разберат мажите во целост и обратно. Не ни останува друго освен да пронајдеме некоја забава потенцирајќи ги најголемите разлики меѓу двата пола.

Брак

– Жената се омажила за маж и очекува тој да се промени со годините.
– Мажот се жени за жена, со тоа што очекува со годините таа да не се промени.

Грижите за иднината

– Една жена се грижи за иднината, додека не си најде маж.

– Еден маж воопшто не се грижи за својата иднина, барем додека не си најде сопруга.

Успех

Успешниот маж е оној кој заработува повеќе отколку што неговата жена може да потроши.

– Успешната жена е онаа која може да најде таков маж.

Деца

– Жената знае сè за своите деца – кога имаат закажано термин кај стоматологот, какви се оценките во училиште, кога имаат концерт или натпревар, итн.

– Мажот е информиран за тоа дека во куќата живеат некакви ниски луѓе, за кои сепак не знае многу.

maz-zeni

Прекар

– Ако Елена, Ивана и Марија излегуваат на ручек , тие ќе се нарекуваат меѓусебно  Ели, Ивичка, Маца или во краен случај мила, срцка и слични на нив.

– Ако Петар, Александар и Костадин излегуваат на пладне, ќе се слушаат имиња како „идиот“, „дебел“…

Сметки

– Кога плаќаат сметка Петар, Александар и Костадин вадат по 100 денари секој, дури и ако вкупната сметка е 250 денари, а притоа не бараат враќање.

– Кога плаќаат сметка на Елена, Ивана и Марија, започнуваат калкулации, и тоа трае…

Бања

– Во машката бања има приближно 6-7 нешта – четка за заби, паста за заби, шампон, пена за бричење (може и без неа), сапун, бањарка и евентуално чешел.

– Во женската бања можат да бидат пронајдени околу 300 различни предмети, од кои просечниот маж препознава околу 20.

Расправии

– Во секој еден спор жената го има последниот збор.

– Во спорот, храбриот маж, може и да ги има последните два збора – „Да, драга”.

- Реклама -