Кога „Авантурите на Алиса во земјата на чудата” излегуваат за прв пат во 1865 година, литературните критичари запаѓаат во ужас од тоа колку е чудна оваа книга.
Во катастрофалните рецензии многумина од нив ги повикуваат родителите да ја игнорираат таа „вулгарност” и никогаш да не им ја купат на своите деца. А каде се денес овие критичари и каде е „Алиса”, која доживеа стотици изданија, преводи, екранизација и продолжува да биде почитувана како од децата, така и од страна на возрасните?
Да се потсетиме на неколку заклучоци кои малата Алиса ги носи додека патува во светот на чудата и го бара својот пат во спекуларниот свет.
Ако сè на светот е бесмислено, зошто да не смислиме некаква смисла?
Додека мислиш што да кажеш, поздрави се! Тоа заштедува време.
Ако не знаеш што да кажеш, кажи го на француски!
Кога зборуваш, отворај ја устата малку пошироко.
Ако немате што да правите, смислете нешто подобро од гатанки без одговор.
Ќе стигнеш некаде. Потребно е само да одиш доволно долго.
Ако во песната нема никаква смисла, тоа е добро. Значи дека нема потреба да се мачиш да ја објасниш.
Ако не бев вистински, немаше да плачам.
Треба да трчаш со сите сили за да останеш на едно место, а за да стигнеш до некаде – треба да бегаш барем два пати побрзо.
Утре никогаш не е денес. Зарем може да се разбудиш наутро и да кажеш: „Па, најпосле е утре!”?
Колку е убаво да си дома! Таму секогаш си со истиот раст.
Тука сите сме луди.
Јас не сум чуден, глупав, откачен или луд. Само мојата реалност е различна од твојата.
Ако беше така – значи би можело да биде, а ако би можело да биде, значи би било, но бидејќи не е, значи не е. Таква е логиката на нештата!