Покрај тоа што е здрав извор на природен шеќер, сувото грозје ги обезбедува витамините А, Б6, калиум и железо.
Со шипка и коприва, ќе му пружи на организмот моќна енергетска поддршка.
Состојки:
1 лажица суво грозје
2 лажици сушена шипка
1 лажица иситнени ливчиња од коприва
1/2 лажици мед
Подготовка:
Сомелете една лажица суво грозје, две лажици шипка и ливчињата од коприва.
Додадете половина лажица мед и добро промешајте. Наутро и навечер изедете по една лажица. Заморот ќе исчезне.