Сопственик на „Застава“ со писмо до крадците: Ви пукна ли гумата?

„Дали те застана полиција затоа што немаш преден десен жмигавец, да ти ги скршат нозете со пендрек. Дали се изнашлуша музика на оној одамна издуван звучник?“

Лут сопственик на „Застава 128“ пиша отворено писмо до крадците, кои што го украле неговиот автомобил. Најпрво се чуди зошто го украле токму неговиот, варојатно најевтиниот на паркингот, а потоа следи честитка до крадците „за среќна иднина“, се разбира на Балкански начин со сочни тазе пцовки…

Еве ја пораката во целост, објавена на Фејсбук.

Што не сте ја зеле онаа Вектра или оној BMW од нарко-дилерот во влезот крај мојот? Како ли само ја вклучивте, кога јас ја верглам по 10 минути? Дали ви пукна гума, како мене пред 2 дена? Дали вклучивте греење низ хаубата, бидејќи сајлата е скината? До каде стигна со оние 3 литри во резервоар…Се надевам до првата бандера, да ти се исушат рацете…

Дали те застана полиција, зашто немаш преден десен жмигавец, нека ти ги скрши нозете со пендрек. Дали се изнаслуша музика на оној издуван звучник, а касетата баш дооооолго се врти во зима, мозокот низ уши да ти излезе!

Цигара запали на ауспух, мајка ти да ја запалам, зашто нема запалник к.. да ми се нап…иш.

Кога паѓа дожд, стави ракавици, бидејќи се вади она црно гомно околу воланот, црна вода да те исфрли. Внимавај да не ти се скршат бришачите. Имаш стари, потрошени (резервни) во гепекот. Кочницата притисни ја два пати брзо или еднаш, но до крај, иако јас би сакал да не закочиш на време пред пеколот и таму да гориш додека 128 демони те опколуваат до крајот на вечноста.

П. С Ако некој види црвена „застава 128“, регистрација BG 192-523 нека ја полее со бензин и нека ја запали.

Како што пренесуваат српските медиуми, се уште не се знае што се случило со оваа застава, дали сопственикот успеал да ја пронајде.

- Реклама -